ЦУК: Извештај за состојбата со порои и поплави

0
212
Состојба во период од 08:30 часот на ден 16.08.2022година до 08:30 часот на ден 17.08.2022година
Состојба со порои и поплави
1. Општина Неготино, од 16:10 до 16:30 часот, поради силен ветер и поројни врнежи од дожд, се направени штети: паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци, и слично. За санирање на штети на терен биле ангажирани 13 пожарникари со 3 ПП возила од ТППЕ Неготино и 6 пожарникари со 2ПП возило и 2 пумпи за испумпување на вода од ТППЕ Кавадарци. Активностите на екипите се завршени до 23.00 часот.
Активни пожари нема.
Изгаснети пожари:
1. Радовиш-(ЗИК Радовиш), Сува трева, 2 ПП возило и 3 пожарникари, од 14:00 до 21:00 часот
2. Струмица(локалниот пат Ново Село-Мокрино) дива депонија, 1ПП и 2 пожарникари, од 19:05 до 20:00 часот
3. Дебар(с.Отишани), депонија, 1 ПП возило и 2 пожарникари, од 12:40 до 13:45 часот
4. Кичево(с.Целопеци), стрниште, 1 ПП возило и 3 пожарникари, од 12:52 до 14:50 часот
5. Липково(с.Виштица) сува трева и ниско стеблести растенија, 1 ПП возило и 3 пожарникарки и 5 вработени од Национални шуми-Куманоово, од 14:35 до 19:00 часот
6. Ранковце(с.Радибуш), борова шума, 1 ПП возило и 7 пожарникари, од 13:30 до 15:30 часот
ЦУК