Ако ескалираат односите помеѓу Србија и Косово, ќе го зголемиме бројот на војници, истакна Столтенберг

0
331

НАТО ќе го зголеми бројот на војници во Косово доколку дојде до ескалација на тензиите со соседна Србија, рече шефот на алијансата Јенс Столтенберг, во пресрет на разговорите меѓу лидерите на двете земји, пренесува „Еурактив“.

„Сега имаме значајна мисија, воено присуство на Косово близу 4.000 војници“, рече Јенс Столтенберг на прес-конференција по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел, кој стоеше покрај него.

„Доколку е потребно, ќе придвижиме сили, ќе ги распоредиме таму каде што е потребно и ќе го зголемиме нашето присуство. Веќе го зголемивме присуството на север. Подготвени сме да направиме повеќе“.

Тензиите меѓу Србија и Косово се разгореа овој месец кога Приштина рече дека ќе ги обврзе Србите кои живеат на северот, кои се поддржани од Белград и не ги признаваат косовските институции, да почнат да користат таблички на автомобили издадени во Приштина.

makfax.com