(ВИДЕО) Урагански ветер во Австрија собори дрво, усмрти две деца во езерото

0
272

Силно невреме ја погоди Австрија во четвртокот. Пет лица загинаа, од кои две деца.

Ураганска бура ја погоди Корушка. Група луѓе, меѓу кои и неколку деца, пливале кај езерото во градот Св. Andrä кога силен ветер соборил дрво. Две деца загинаа, имаа четири и осум години Повредени се уште 11 лица, од кои две потешко. Меѓу повредените има пет деца, пишуваат медиумите во Австрија.

Три лица загинаа во Долна Австрија, тројца планинари.

 

Во многу области во Корушка и Штаерска, невремето предизвика големи штети.

 

Ураганската бура започна од Корзика, а преку северна Италија стигна до Долна Австрија и Виена. Во Штаерска дуваше ветер со брзина од 139 км/ч. Во многу делови од земјата се уште е на сила екстремно опасно временско предупредување.

Паднаа голем број дрвја, поради што беа затворени некои автопати. Целиот железнички сообраќај во Корушка, Источен Тирол и Штаерска беше во застој. 40.000 домови останаа без струја во Штаерска, а 20.000 во Корушка.

ВИДЕО

24sata.hr