Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Поддржувачитена Доналд Трамп  се собираат во Вашингтон на маршот што беше најавен како најголем митинг за поддршка на американскиот претседател во историјата.

Трамп исто така се појави на маршот и ги поздрави приврзаниците од претседателската лимузина.

Трамп им мавташе на насобраните кои извикуваа: Ју-Ес-Еј.
Маршот е наречен „Марш на милиони да ја направиме Америка повторно голема“, што беше слоганот на кампањата на Трамп, и беше организиран во знак на протест против, како што веруваат, изборните измами.

Изборите во САД се одржаа на 3 ти ноевмри.  Трамп не ги признава проекциите според кои Џо Бајден е победник на претседателските избори и повеќепати го критикуваше гласањето по пошта, наведувајќи дека тоа го отвора патот до можна изборна измама.