Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Сè уште актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп го смени шефот на агенцијата за сајбер безбедност, Крис Крибс.

Тој е отпуштен поради, како што тврди Трамп, поради неточни најави за регуларноста на изборниот процес.

Во објава на својот профил на Твитер, Трамп ги обвини Крибс за „многу погрешно“ уверување на граѓаните дека изборите се безбедни, иако имало „огромни нерегуларности и измами“, вклучително и гласање за „починатиот“, попречување на набљудувачите на изборите во следењето на изборниот процес и софтверските грешки кои гласовите на Трамп му ги припишувале на Бајден, објави Ројтерс.

Во писмото, потпишано од десетици експерти за безбедност, се наведува дека обвинувањата за големи изборни нерегуларности се неосновани и, според нив, апсурдни.