Осум години од загубата на неговиот татко, тој знаеше дека синот Дамјан ќе има блескава кариера

0
227

Од упокојувањето на нашиот познат пејач Војо стојаноски поминаа осум години. Поточно, на 6 мај се навршија точно осум години од оваа загуба. Тогаш Евица која инаку ретко ја има во медиумите, си ја отвори душата и го сподели своите чувства за Женски магазин:

– Жалам што пропушти многу среќни, семејни случувања, иако, неговиот дух беше присутен секогаш и секаде.. Жалам за тоа што не дочека да ги види професионалните успеси на нашиот син Дамјан, иако тој ги предвидуваше.

Жалам што не ја дочека и неговата свадба и раѓањето на внукот Војдан.Здравје боже и натамошно проширување на семејството.

Жалам за многу нешта што не успеавме да си ги кажеме, да споделиме“, изјавила таа.

Нејзиниот син, Дамјан Стојаноски е релативно ново име на македонската фолк естрада, а веќе бележи значајни успеси, со многубројни настапи и е се по популарен меѓу љубителите на фолк музиката.

Секогаш кога се споменува вашето име, неизбежно е да се споменеме и името на вашиот татко-Војо Стојаноски кој остави длабока трага во македонската народна музика. Зацртан ли е вашиот пат по патеката што тој ја обележа?

-Секако. Влијанието што тој го имаше врз мене и како пејач, но и како татко, пријател и мој ментор е длабоко вкоренето.

Јас ќе продолжам да создавам и да пеам песни во духот на македонскиот мелос затоа што сум убеден дека имаме прекрасна музика која што секогаш може да биде инспирација за создавање на ново творештво, надградено, можеби и со посовремени ноти, но, сепак, во духот на македонскиот фолклор.

Целосно ќе и се посветам на музиката затоа што живеам за неа и таа е моја професија и моја љубов. Освен што секогаш имам во план создавање на нови песни, како мои, така и во соработка со други автори, веќе извесно време најавувам дека имам желба да препеам и некои песни од татко ми што мене ми се допаѓаат..

Наследникот на македонската фолк легенда во август во 2020 година стана татко. Неговата сопруга Елена на свет го донесе нивното прво чедо – што се вели во народот – прво, па машко.

Убавата вест со јавноста ја споедели гордата баба Евица, инаку новинарка, која напиша дека од денеска има нова животна улога – баба. Всушноист внукот е крстен по дедо му, тој се вика Војдан.

 

info7.news