Македонец уапсен во Црна Гора – украл пари од маркет

0
280

А.К.(46) од Македонија е уапсен во Бар, Црна Гора под сомнение дека украл пари од маркет во населбата Добра вода, соопшти тамошната Полициската управа.

„Од слобода е лишен А.К.(46) од Република Македонија, кој, како што се сомнева, на 19 септември околу 15,00 часот влегол во внатрешноста на еден маркет во населбата Добра вода во Бар при што украл одредена сума пари од касата“, се наведува во соопштението на полицијата.

Од таму додаваат дека А.К. уапсен по наредба на обвинител.

извор: Република

фото: Архива