Народот нема за леб, а владата набавува октоподи, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
222

Лицемерната влада бара од граѓание да штедат, а тие аздисуваат со набавки на морски плодови.

Службата за општи и заеднички работи при Владата среде криза ќе потроши над 20 илјади евра за морска храна. Ова е спротивно на најавите кои ги имаа во влада дека ќе ги редуцираат луксузирањата. Да потсетиме дека милиони од народните пари беа потрошени среде криза за режано цвеќе, кафиња, набавки на службени возила, миење на службени возила, витрини, позлатени чинии, вилишки, лажици и ножеви. Самата власт призна дека иако знаеле за кризата во буџетот предвиделе 100 милиони евра непродукивни трошења, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:

Клептоманите на власт, предводени од дезертерот Ковачевски може имаат ужасно ниска реализација на капитални инвестиции, ама затоа се махери за луксузирање. Оттука македонската економија пропаѓа, а народот тоне во сиромаштија. Ги имаме убедливо најлошите параметри на Балканот, најниска стапка на странски инвестиции, најниска стапка на раст на БДП, највисока инфлација, половина милион граѓани во сиромаштија и рекорден износ на задолжување.

Но Владата мува не ја лази што народот нема за леб, штом СОЗР набавува октоподи за министрите.

извор: ВМРО ДПМНЕ