Се запалил автомобилот на началникот на Генералштабот на Армијата Васко Ѓурчиновски

0
167

Началникот на Генералштабот на Армијата, генералпотполковник Васко Ѓурчиновски, кој учествуваше на 25-тата конференција на началници на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба, при
враќањето во текот на вчерашниот ден низ Косово имал помала сообраќајна незгода со појава на оган на автомобилот со кој се превезувал.

Имено, како што информираат од Генералштабот, при движењето по автопатот помеѓу Коморане и Приштина во доцните попладневни часови, на автомобилот ненадејно избил оган кај моторниот дел при што благодарејќи на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето истиот е изгаснат за многу кратко време.

Генералот Ѓурчиновски заедно со членовите на делегацијата и обезбедувањето го продолжиле патувањето со останатите возила и се вратени дома. Возилото кое веднаш по првиот знак на палење безбедно е тргнато од сообраќај, а по гасењето истото е транспортирано во Република Северна Македонија.

 

vecer.mk