More

    Битиќи: Додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија

    Се додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на прашања поврзани со почетокот на грејната сезона во главниот град.

    Согласно законот, како што посочи, БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија.

    Во однос на топланите Исток и Запад, кои се во сопственост на „Адора инженеринг“, според која закупот како опција без јасна интенција за купопродажба на топланите не е прифатлив, вицепремиерот со став дека процесите мора да бидат согласно законот и дека закупот е легитимна алатка.

    – Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста е легитимна, но ќе се склучи според законите. Закупот е легитимна алатка преку која ќе се искористат топланите Исток и Запад и ќе се испорача топлинска енергија, а во меѓувреме има доволно временски период да се запазат сите законски процедурии ако треба да се заокружи откупот на сопственоста, изјави Битиќи.

    фото: Архива

    spot_img
    spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    scattered clouds
    8.8 ° C
    8.8 °
    8.8 °
    93 %
    1.5kmh
    40 %
    Fri
    9 °
    Sat
    11 °
    Sun
    13 °
    Mon
    11 °
    Tue
    8 °
    spot_imgspot_img