Хакерски напад врз болница во близина на Париз, откриени здравствени податоци

0
216

Хакерите кои во август побараа откуп од неколку милиони долари од болница во предградието на Париз, што здравствената установа го одби ги извршија заканите и ги обелоденија украдените здравствени податоци. „Силно го осудувам објавувањето на хакирани податоци од болничкиот центар Корбеј-Есон“ во јужната периферија на Париз, напиша на Твитер францускиот министер за здравство Франсоа Браун. „Нема да попуштиме пред таквите криминалци. Мобилизирани се сите државни служби“, додаде францускиот министер. Болницата обезбедува здравствена заштита за речиси 700.000 жители, а откривањето здравствени информации претставува ризик од уцена или изнуда.

Радио Слободна Европа