Учесниците на 13-тата Школа за млади лидери во посета на општина Охрид

0
174

Учесниците на 13тата Школа за млади лидери која е во организација на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денес, беа во посета на Општина Охрид.

Градоначалникот Кирил Пецаков, како домаќин ги пречека учесниците и ги запозна со начинот на фунционирање на Локалната самоуправа.

– Чувствувам посебно задоволство и чест што како градоначалник на Охрид, втора година по ред имам можност да се обратам пред учесниците на оваа школа и затоа сакам да упатам посебна благодарност до поранешниот претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов и да му искажам огромно признание за неговата несебична посветеност на оваа лидерска приказна, со надеж дека истата ќе продолжи да живее и да се унапредува во иднина. Особено се радувам што оваа година како дел од интерактивните активности на лидерската школа се раѓа еден нов и значаен проект во насока на остварување на стратешките интереси на Охрид и унапредување на неговиот туристички развој. Се надевам дека идеите и креираните решенија за дигитална промоција на природните и културните богатства на нашиот најголем туристички центар во Македонија, ќе создадат нови шанси за поголем економски напредок, кој ќе донесе бенефит во повеќе сегменти на општественото живеење., рече градоначалникот Пецаков.

Како дел од активностите на учесниците во школата ќе биде и пронаоѓање на коцепт за подобра промоција на градот особено кај младите луѓе.

13тата Школа за млади лидери започна на 16ти и ќе трае до 30ти септември.

 

 

 

општина Охрид