Напад во училиште во Русија, 9 загинати од кои 5 деца, напаѓачот се самоубил

0
209

Вооружен напаѓач убил најмалку девет лица, меѓу нив и пет ученици, во училиште во рускиот град Ижевск, соопштиле од Руското јавно обвинителство, пренесе новинската агенција ТАСС.

Според првичните информации во нападот во главниот град на регионот Удмуртиа има 20 луѓе кои се повредени, додека напаѓачот се самоубил.

Според руските медиуми во нападот се убиени пет ученици, два наставници и две лица од обезбедувањето. Нападот се случил во училиштето број 88, каде учат околу 1.000 ученици и има околу 80 наставници. Од новинската агенција ТАСС информираа дека напаѓачот бил вооружен со два пиштоли.

Училиштето се наоѓа во центарот на Ижевск, град со околу 650.000 жители, и се наоѓа во близина на владини институции.

Од училиштето во меѓувреме се евакуирани учениците и наставниците.

извор: ТАСС