Кристофер Хил: Соединетите Американски Држави бараат објаснување од Србија за тоа што било потпишано со Русија во Њујорк

0
263

Шефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Емануел Жофре, вели дека сега не е време за зајакнување на врските со Русија и оценува дека договорот што Србија го потпишала во Њујорк со Русија испратил сосема спротивна порака од онаа на која смета ЕУ.

Соединетите Американски Држави бараат објаснување од Србија за тоа што било потпишано со Русија во Њујорк, изјави американскиот амбасадор Кристофер Хил.

„Во овој момент никој не треба ништо да потпишува со Русија, освен оние кутри регрути кои се мобилизираат да одат во војна“,

рече американскиот амбасадор Кристофер Хил пред новинарите по регионалниот форум „Добро владеење и антикорупциските политики во време на геополитичка неизвесност“ кој го отвори заедно со шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре.

Хил рече дека во текот на минатата недела во Њујорк имало одлични разговори меѓу делегациите на САД и Србија и дека на крајот на неделата и по сите тие разговори дознале за потпишувањето на протоколот. Американскиот амбасадор додава дека не го виделе потпишаниот протокол бидејќи не е јавен документ.

„Тешко ни е да разбереме, но сакаме да слушнеме објаснување за тоа за што станува збор“,

рече Хил.
Шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, Емануел Жофре, вели дека сега не е време за зајакнување на врските со Русија и оценува дека договорот што Србија го потпишала во Њујорк со Русија испратил сосема спротивна порака од онаа на која смета ЕУ.

„Не смееме да заборавиме дека Русија спроведува агресија врз Украина веќе седум месеци и ја интензивира таа кампања со мобилизирање 300 000 луѓе, организирање нелегални референдуми за отцепување на делови од Украина, како и закана дека ќе употреби оружје за масовно уништување“,

посочува Жофре.
Ова не е време за зајакнување на врските со Русија, додава Жофре, и тој договор што беше потпишан испрати сосема спротивна порака, без разлика што Србија рече дека нема да ги признае резултатите од референдумот организиран од Русија.

infomax.mk