Се појави нов остров по ерупцијата на подводен вулкан во Пацификот

0
250

На подрачјето на островот Тонга во Тихиот океан по ерупцијата на подводен вулкан се појавил мал остров.

„Бебе“ островот се појавил во југозападниот дел на Тихиот океан каде има многу подводни вулкани. Еден од тие вулкани се разбудил на 10-ти септември, исфрлајќи лава, пареа и пепел, било соопштено од НАСА.

Само 11 часа откако вулканот проработел, новиот остров се појавил над површината на водата.

Островот брзо растел и неколку дена подоцна, на 14-ти септември, научниците од геолошката служба на Тонга процениле дека има 4.000 квадрати.
До 20-ти септември, островот пораснал на површина од околу 24.000 квадратни метри или околу 6 хектари.

Новиот остров се наоѓа на подморската планина Хоум Риф во централниот дел на островот Тонга, југозападно од островот Лате.

„Не сакате премногу да се врзувате за малиот остров бидејќи островите кои ги создаваат подземните вулкани често имаат краток век“, предупредиле од НАСА.

Понекогаш, меѓутоа, тие острови може да опстојат со години, па дури и со децении.

Вулканот Хоум Риф продолжува да исфрла лава, а активноста на вулканот претставува мал ризик за воздушниот сообраќај и жителите на Вава’уа и Ха’апаија.

„Не е забележан пепел во последните 24 часа“, објавила геолошката агенција на Тонга.

„Сите морнари се советуваат да пловат на оддалеченост од најмалку 4 километри од Хоум Риф“.

 

tocka.mk