Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Уторово во Маврово на високиот дел на планината Бистра може да се забелижи вистинска снежна идила. Падна првиот снег кој синоптичарите го најавуваа деновиве. Времето денеска во државата е студено и ветровито. Најавата е дека поларен бран ја зафати Македонија.

„Поради продор на студен воздух денес ќе дува засилен северен ветер, особено на повисоките места и вдолж Повардарието. На планините ќе има повремен слаб снег, а во пониските места слаб дожд, претежно во западните и северните делови“, се вели во предупредувањето од управата за хидрометеоролошки работи.

Најавата е дека утре ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.