Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

На денешниот состанок на Кризниот штаб била разгледана потребата од учество на Армијата во обезбедување на здравствените објекти, за што дополнително ќе бидат утврдени бројките за здравствените објекти што ќе треба да бидат обезбедени.

Ова го истакна директорот на Центарот за управување за кризи, Стојанче Ангелов по завршувањето на состанокот на кој бил подготвен акцискиот план за справување со кризи.Овој план  треба да се разгледа од страна на управувачкиот комитет пред да стапи на сила, вели Ангелов.

– Граѓаните треба да знаат дека ништо нема драстично да се смени во државата. Ако има потреба од поголем број сили за обезбедување, а МВР ги нема, ние можеме да побараме од АРМ, да испратат повеќе луѓе за обезбедување. Но, тоа нема да бидат луѓе кои со оружје ќе се шетаат по улица. Во земјава нема војна. Се обидуваме да одговориме на ковид-кризата со најминимални средства – истакна Ангелов.

Истовремено, предложено е во Кризниот штаб да се вклучи и претставник на невладиниот сектор со цел поголема транспрентност на работата на клучните институтции задолжени за справување со корона-кризата.