Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Од Здружението за канабис и зелени политии „Билка“ засега се претпазливи, по најавите за легализација на марихуаната за рекреативно-туристички цели, стравувајќи да не се случи истото сценарио како со легализацијата за производство на медицисни канабис. 

Јанаки Митровски, прв човек на Билка за Канал 5 телевизија изјави дека „Билка“ поддржува продажба по локали, кафулиња, кофи шопови и социјални клубови.

„Меѓутоа, сметаме дека ќе биде нужна и можноста граѓаните дома сами да си засадат и ќе мора да оди заедно со овој пакет. Меѓутоа, најавата, ако убаво ја следите реториката на премиерот Заев во интервјуто, кој вели дека треба да се гарантира потеклото на канабисот, тоа нам јасно ни укажува дека нема да биде дозволено да се засадува за домашна употреба“, вели Митровски.