Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Рацете на Филипче и Заев евидентно се крвави. Секој ден по десетици заболени од корона, воведена кризна состојба која служи за популизам, а паралелно ќе тераат избори во Штип и Пласница. Резултат од неспособните Филипче и Заев се десеттиците смртни случаи од корона, десеттици семејства завиени во црно секој ден, а само во последното деноноќие според статистиката на министерствто за здравство 25 починати лица. Вкупната бројка на починати се движи кон 1.500, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Тие додаваат:

Дека личните интереси се пред здравјето на граѓаните покажуваат постапките на власта. Свесно ли Заев и Филипче подготвуваат корона кланица? Само во Штип има 533 активни случаи на корона, а секој ден во Штип има и починати од корона.

Евидентно е дека се нема план што ќе прават за време на кризната состојба, ама јасно е дека истата ќе се злопупоребува посебно на терен за време на изборите во Штип и Пласница. Или кризната состојба наместо за работа очиглено им служи за популизам.

Сето ова се случува кога медицинскиот кадар е исцрепен, кога секојдевно пациентите и нивните семејства трагаат по болнички кревет, кога со саати се чека за кислород, а тоа често завршува погубно за пациентите, кога се нема доволно ниту основен материјал за лекување.

Ефектот од првиот ден кризна состојба не е спасување на животи, туку злоупотреба на армијата која ја користат како агенција за обезбедување додека болниците немаат болнички кревети.

Време е за одговорност!

Време е за оставки и за влада на национален спас. велат од ВМРО ДПМНЕ.