Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Во Храмот Свети Сава во Белград почна погребната церемонија за патријархот на СПС Иринеј. Во тек е литургијата, служи митрополитот добробосански Христозом. Телото е поставено во централниот дел на храмот, присутни се сите владици и 16 свештеници. Телото како и вчера е покриено за стаклен капак. На погребот како што е предвидено ќе зборуваат и српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Ковчегот со своите земски остатоци беше покриен со зелена облека и сите се прашуваа што значи таа боја.

Она што треба да го знаеме е дека зелената боја за православните христијани е симбол на надежта за вечно блаженство што ја стекнавме преку заслугите на Исус Христос и дарот на Светиот Дух.

Патем, зелената боја е и облеката што ја носат патријарсите, тие дури и потпишуваат со зелено мастило.

Илјаднци луѓе и во текот на ноќта и утрово доаѓаат да се простат од Патријархот. Поради ова епидемиологот Предраг Кон, погребот го нарече „епидемиолошки ризик“.