Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Република Македонија вчера во Дебар со целосното понижување од страна на албанскиот преседател Илир Мета престана да биде држава, се вели во соопштението од Единствене Македонија.  Тие во истото додаваат:

Албанскиот претседател не фермајќи ги македонските државни органи и надвор од сите државнички протоколи си влезе во Дебар каде во друштво на дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, Талат Џафери и Али Ахмети среде Дебар во македонски град „летаа орли„ и вееја албански знамиња, а од власта во Скопје целосен молк.
За Единствена Македонија ваквиот чекор на албанските сепаратисти и шовинисти на македонско тло претставува опасна провокација која силно го вознемирува македонскиот народ.

Сведоци сме како МВР секојдневно поднесува пријави против Македонци за се и сешто а вчера во Дебар каде е повреден суверенитетот на државата, нема реакција. Со ова, власта во Скопје го охрабрува албанскиот сепаратизам за создавање на големоалбанска држава во која влегуваат делови и од Република Македонија. Оваа во основа антидржавна и антимакедонска катастрофа , законите да важат за сите, но не и за албанците, мора да престане. Одговорност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија.