Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Трите приватни клиники во Скопје ќе обезбедат дополнителни 100 болнички кревети како помош за ковид пациенти, ова беше одлучено на вечерашниот состанок со тројцата сопственици на приватните клиники во Скопје со министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва по средбата со сосптвениците на трите приватни болници „Систина“, „Ремедика“ и „Жан Митрев“, се договорија старата болница „Систина“, да биде користена од државата.

„Целосно ќе бидат опремени од страна на приватните болници со нивни заеднички договор од таму ќе биде обезбеден кадар и материјали за работа и за тоа соодветен надоместок согласно постојаните закони ќе плаќа државата. Обезбеден е дополнителен капацитет на 100 кревети кој ќе биде на располагање до крајот на неделата, дотогаш и во државните болници има сосема доволен број на слободни кревети , ние утрово имавме и координација со диркеторите на сите Клиники тука во Скопје, ГОБ 8 ми Септември, на линија сме и со диркеторите на болниците во државата, клинички и општи. Оваа недела има доволен број на слободни кревети, овој дополнителен капацитет е за периодот кој што доаѓа. Државата ќе ги покрие сите трошоци. Во следните денови треба да се постават доводи за кислород и сите потребни работи. Персоналот ќе биде од приватните болници“, истакна Филипче.

Министерот Филипче информираше дека и во нашите болници има доволен број на кревети. Тој изјави дека утрово имал координација со директорите на клиниките и ГОБ „8 Септември“, а во секојдневна комуникација исто така е и со директорите на клиничките и општи болници.

На одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека целосно ќе се опреми болницата „Мала Богородица“. Треба да се инсталира кислород, што ќе биде готово за неколку денови и треба да се донесе опремата којашто физички не е таму.

„Секој ќе партиципира согласно можностите, согласно големината, согласно капацитетите. Така да, тој број на 100тина кревети верувам дека во следниот период којшто доаѓа ќе биде сосем доволен оваа криза да се изменаџира“, посочи Филипче и додаде дека граѓаните нема да сносат дополнителен трошок, односно ќе биде на трошок на државата. Кадарот ќе биде целосно од приватните болници.