Mел Гибсон во Хиландар: Не дојдов овде како познат актер. Дојдов како човек што бара смисла. И ја најдов.

Холивудската ѕвезда Мел Гибсон, познат по филмскиот хит „Страстите Христови“ и својата длабоко изразена христијанска вера, пристигна на Света Гора, духовното срце на православието, каде што поминува неколку денови во манастирот Хиландар.

Гибсон пристигна тивко, без медиумска помпа, но неговата посета одекна силно во православниот свет.

„Ниту на едно друго место не сум почувствувал толку длабока врска со Бог. Света Гора не е само манастирски комплекс – таа е живо срце на небото на земјата.“ – изјави Гибсон за грчките медиуми, видливо трогнат и духовно преображен од она што го доживеал меѓу монасите.

„Не дојдов овде како познат актер. Дојдов како човек што бара смисла. И ја најдов.“ – призна Гибсон. „Света Гора е местото каде молчењето говори најмногу, а секој чекор е молитва. Тоа е тишина што зборува гласно во срцето.“
Манастирот Хиландар, еден од најстарите и највлијателни српски православни манастири, основан уште во 12 век од Свети Сава и неговиот татко Стефан Немања, отсекогаш претставувал не само верски, туку и национален симбол на духовно единство и издржливост. Посетата на ваква светска личност го насочува вниманието кон значењето и универзалната моќ на православието, посебно во еден свет кој сè повеќе се оддалечува од тишината и вистинската молитва.

Според информациите од грчките портали, Мел Гибсон престојува во Хиландар како обичен поклоник – учествува во утринските и вечерните богослужби, разговара со монасите, се храни скромно и живее според манастирските правила.

 

 

glamur.mk