Авион на Ер Србија принудно слетал во Црна Гора

Авионот на Ер Србија кој што полетал од црногорскиот град Тиват за Белград по 45 минути лет морал да се врати на стартниот аеродром поради дефект на моторот, пренесува Нова.рс.

Патниците велат дека летот доцнел 45 минути и дека 5 минути по полетувањето се слушнал силен удар под авионот. „Наликуваше на удар од гром. Околу половина час кружевме над Которскиот залив, а луѓето на копно видоа голем чад од авионот“, рекол еден патник.

Тој вели дека екипажот не дал никакво објаснување во првите 10 минути, што дополнително предизвикало паника кај патниците. “Потоа не известија дека има дефект на моторот и дека треба да се подготвиме за слетување на аеродромот во Тиват. Во моментов механичарите го прегледуваат авионот. Некои патници се откажале од летот поради страв”, пренесува Нова.рс.

извор: Нова.рс.