Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека споменикот на ОНА во кумановско Слупчане е поставен според сите процедури и законски норми. Тој ги повика институциите за било каков сомнеж да се направи контрола на истиот проект.
„Сè е во редовни процедури и според законите. Нема ништо незаконско во споменикот во Слупчане“, кажа Ахмети.
Спротивно на ова, претседателот Стево Пендаровски во интервју за Канал 5 кажа дека споменикот е дивоградба.
-Тоа што кулата нема добиено потврда од Собранието за споменици, тоа кажува дека објектот е дивоградба, исто како што се дивоградби околу 90% од спомениците на плоштад. Што е тргнато од тоа? Ништо. Ако го тргнеме ова од Слупчане, дај да ги тргнеме и овие од плоштад. Дајте да постапуваме и да го измениме Законот. Споменикот на Никола Карев пред Собранието исто така е дивоградба, пред таква институција, истакна Пендаровски.