Беспилотното летало на поморските сили на Туркије забележа како грчката страна во Егејското Море ги истуркува непријавените мигранти во турските води, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за национална одбрана на Туркије упати соопштение во врска со овој случај.
„Беспилотното летало на поморските сили забележа дека крајбрежната стража на Грција на 9 август 2022 година источно од островот Самос, во Егејското Море, непријавените мигранти во гумен чамец ги истуркува во турските води“, наведено е во соопштението.
Соопштено е дека за случајот веднаш е информирана крајбрежната стража на Туркије и дека мигрантите се спасени.
Објавени се снимки кои ги забележало беспилотното летало.
извор:Агенција Анадолија (АА).