„Во терористичкиот нападот во Москва досега животот го загубија 93 лица“, соопшти Рускиот истражен комитет

Вооружени лица убија 93 луѓе и ранија повеќе од 100 во нападот изведен во концертна сала во близина на Москва, објави Истражниот комитет на Русија, известува Анадолу.

Во соопштението на Комитетот се вели дека експертите продолжуваат со работата на местото каде што се случи инцидентот.

Запленети се доказни материјали, вклучително оружје и муниција, спроведена е генетска и балистичка анализа, а земени се и отпечатоци. Полицијата ги собра и снимките од камерите.

Рускиот истражен комитет објави дека бројката на загинати во терористичкиот напад во концертната сала во Москва се зголемил на 93.

Инцидентот се случи во Красногорска, административен центар во Московската област, каде според првичните информации, во салата „Крокус Сити Хол“ требало да настапи музичкиот состав „Пикник“. Членовите на музичката група не се повредени во нападот, соопшти агенцијата за спроведување на законот.

Подоцна на самото место дојде пријава за експлозија која предизвикала голем пожар. Министерството за вонредни состојби информираше дека околу третина од зградата била зафатена од пожарот, а неколку хеликоптери работеле на негово гасење.

Канцеларијата на државниот обвинител на Русија соопшти дека неидентификувани лица пукале пред почетокот на концертот, а истражниот комитет започнал кривична постапка по инцидентот, прогласувајќи го за „терористички напад“.

Судбината на убијците засега е непозната, а постојат тврдења дека напаѓачите успеале да избегаат од местото на настанот.

Московската полиција ги зголеми безбедносните мерки поради вооружениот напад во концертната сала, а луѓето се претресуваат на станиците на подземната железница и на други јавни места, откако напаѓачите избегале од местото на нападот.

„Претседателот на Русија, Владимир Путин, е известен за нападот неколку минути откако се случи и континуирано ги добивал најновите информации“, соопшти портпаролот Дмитриј Песков.

Како одговор на нападот, поранешниот претседател на Русија, Дмитри Медведев, побара „целосна егзекуција на терористите и казнени мерки за нивните семејства“.

 

– Терористички напад во концертната сала во Москва

Концертната сала наречена „Крокус Сити Хол“ во Москва, главниот град на Русија, беше нападната од вооружени лица вечерта на 22 март.

На снимките споделени на социјалните мрежи може да се забележи дека напаѓачите пукале по случаен избор кон луѓето во салата. Руската Федерална служба за безбедност објави дека, според првичните сознанија, 40 лица загинале во терористичкиот напад, а рускиот министер за здравство Михаил Мурашко објави дека 115 лица се повредени, од кои 60 потешко.

Во концертната сала избувна и пожар на покривот на зградата, а стотици лица учествиваа во неговото згасење. По извесно време се урнал кровот на зградата во кој се наоѓа концертната сала.

Откажани се сите јавни настани во Москва за време на викендот, а формирана е и работна група за справување со терористичкиот напад.

Федералната служба на Националната гарда на Русија (Росгвардија) извести дека операцијата за фаќање на оние кои го извршиле вооружениот напад е во тек.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.