Дадилка го киднапирала бебето што го чувала за да му го претстави на партнерот како нивно дете

Полицијата во Крушевац, Србија поднесе кривична пријава против 35-годишна жена поради сомнение дека сторила кривично дело киднапирање малолетно лице.

Таа се сомничи дека бебето кое го чувала, старо 40 дена тргнала да го прошета, но наместо да го врати во договореното време, го однела кај своето момче.

Како што објави „Новости“ утрово, бебето е најдено во семејниот дом на Д.С. во населбата Мудраковац кај Крушевац, откако мајката на новороденчето го пријавила за исчезнато.

Како што претходно пишуваше медиумот Ј.Ј го киднапирала бебето и го однела кај бившиот партнер Д.С.(40) тврдејќи дека детето е негово и дека сакала да му покаже, но после тоа полицијата упаднала во куќата и ги привела сите, а детето го вратила на мајката. Мајката на бебето сподели и фотографија од бебиситерката во групата со натпис „ова е личноста која ми го киднапираше детето“ и објасни како ја вработила.

– Таа беше пронајдена преку оваа група и се чинеше сосема нормално првите неколку пати кога го чуваше мојот син. За жал, вчера ја пуштив во паркот кој е на неколку минути од станот и направив катастрофална грешка која можеше скапо да не чини – објаснува мајката и додава:

-Додека беше излезена ми праќаше нон-стоп пораки и слики како малиота спие и како е се ок. Ве молиме обратете ѝ внимание затоа што е пуштена да се брани од слобода. Се најдобро, чувајте се и грижете се за вашите најблиски, напишала мајката. .

Како што раскажала дадилката на рочиштето, таа живеела во вонбрачна заедница со Д.С и останала бремена. Во декември минатата година доживеала спонтан абортус, но никому не кажала за тоа, а со партнерот раскинала во април. Пет месеци подоцна, таа го киднапирала детето на жената која ја вработила, со намера да го претстави како нивно дете.

фото: Архива