Ердоган САРАЧ, претседател на ДНЕТ
Врз основа на нецолосно објавениот француски предлог за надминување на спорот со Бугарија, Движењето за Национално Единство на Турците до јавноста во Македонија го издава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Како критична маса и совест на Турците во земјата, Движењето за Национално Единство на Турците отворено се сомнева дека францускиот предлог не е непознат за Владата на Македонија. Од увидот во објавените текстови од францускиот предлог најодговорно тврдиме дека тој предлог е штетен за државата и ги загрозува државните интереси на Македонија и сите нејзини граѓани. Рушењето на идентитетот и јазикот на Македонците во својата сопствена држава не може да биде предмет на рамковен договор за почеток за пристапното членство во ЕУ.
ДНЕТ смета дека без активно и директно учество на опозицијата превземање на било каква активност на владата за прифаќање но понудениот француски предлог ќе претставува капитулација и предавство од невиден размер. Ние како ДНЕТ целосно го отврламе овој предлог, бидејки претставува преседан во праксата на ЕУ за пристапно членство. Исто така барањето на Булгарија за внесување на Булгарското малцинство во уставот на РМ и некоји наводно поситни услови за нас се неприфатливи. Такво нешто е можно во колку само и само врз основа на реципроцитет т.е. внесување и на Македонците во Бугарија во Уставот на Бугарија. Доколку ДНЕТ има пратеник во собранието на РМ никогаш нема да гласа за овој француски предлог доколку и Македонците и Турците во Бугарија не се стават во Уставот на оваа земја.
Инсистираме Владата на РМ да се спаси од полтронство и да ги заштити интересите на државата одбивајки овој срамен предлог на Франција.
извор:Ердоган САРАЧ
фото: Курир.мк