И Генчовска и Николов го напуштаат Кабиентот на Петков

Двајца министри од партијата Има таков нартод (ИТН), Теодора Генчовска – министерка за надворешни работи и Александар Николов – министер за енергетика, денеска ќе поднесат оставки од функциите во владата на Бугарија, јавуваат бугарските медиумите, пренесува Локално.

Според Слави Трифонов, кој ги повлече министрите на „Има таков народ“, има две причини за распадот на четирикратната коалиција – темата Република Северна Македонија и непочитувањето на коалицискиот договор и тоа што Трифонов повеќе нема пари во земјава. Тој ја оцени како погрешна и штетна финансиската политика што ја водат министерот за финансии Асен Василев и премиерот Кирил Петков.

По излегувањето на партијата од власта, оставки веќе поднесоа министерот за спорт Радостин Василев и за регионален развој и јавни дејности Гроздан Караџов.

извор: Локално.