Карлеуша во очај, поради тоа што и го рекла постарата ќерка Атина

Со оглед на тоа што нејзината постара ќерка Атина сака да стане фотомодел, а пред неколку дена ја имаше првата официјална модна ревија, медиумите се интересираа како поп-дивата Јелена Карлеуша реагирала откако нејзината постара наследничка прошетала по пистата.

– Атина сака да биде модел и мој совет до сите родители е да не им ги кршат крилјата на децата. Да ги остават да си ја изберат професијата и да им бидат само ветер во грб, како што мене ми беше мајка ми. Тие се многу специфични девојки. Атина пред некој ден ми кажа дека јас сум виновна што таа и Ника биле препознаени во јавност и дека не го сакале тоа.

– Сега јас сум виновна за се, но мислам дека со тек на времето тоа ќе им значи и ќе им помогне. Атина го затвори својот Инстаграм профил на кој имаше десетици илјади следбеници само поради таа несакана популарност.

 

Иако до сега медиумите неколку пати пишуваа за нејзиното напуштање на семејниот дом, сепак Карлеуша јасно кажа дека таа и нејзиниот сопруг живеат под ист покрив, но дека не сака да каже ништо повеќе на оваа тема, за да не дојде до ситуација неговиот адвокат да дава разни изјави.

Она што е сигурно е дека Душко ќе и замери на неговата се уште официјална сопруга, Јелена, поради реалното шоу.

Она што е сигурно е дека Душко ќе и замери на неговата се уште официјална сопруга, Јелена, поради реалното шоу.

Таа потврди дека доаѓа нешто големо, коментирајќи дека ќе ги уништи сите други слични проекти.

-Ќе направам емисија која ќе биде многу гледана каде и да се емитува, погледана, отколку, на пример, „Ѕвездите на Гранд“, сигурна сум – искоментирала Јелена во свој стил и ги оставила обожавателите со нетрпение да ги очекуваат нејзините нови деловни потфати.

 

mama.glamur.mk