Египетскиот адвокат Махмуд ал Семари поднесе тужба против Нетфликс за кршење на законите за медиуми и обидите „да го избрише египетскиот идентитет“, а и најпознатите археолози во земјата, Захи Хавас стои на ставот дека Клеопатра имала „бела кожа, а не црна“, објави Република.
Родена во Александрија во 69 година п.н.е., Клеопатра Седма била последната владетелка од династијата на Птоломеј Први, генералот на Александар Македонски. Таа на престолот го наследила нејзиниот татко Птоломеј Дванаесетти и владеела од 51. година п.н.е. и владееше до нејзината смрт во 30. година пр.н.е. После тоа, Египет потпаднал под римска доминација. Припадниците на Птоломејската династија, говореле најмалку девет јазици, меѓу коишто и древномакедонски, старогрчки, но и сириски, медски, етиопски јазик, според Плутарх, а самата таа била меѓу ретките владетели кои научиле и древноегипетски.
Етничкото потекло на мајката на Клеопатра е непознат, а некои историчари велат дека е можно таа да била домородна Египќанка, или од друг дел на Африка.
Клеопатра во серијата на Нетфликс овојпат ја глуми Адел Џејмс, која е од делумно африканско црнечко потекло. Продуцентите велат дека тоа е „одраз на вековната дебата за расата на Клеопатра“.
Џејда Пинкет-Смит, американска глумица која е наратор и продуцент на оваа драма, рече: – Не гледаме, ниту слушаме често приказни за црните кралици, и мене и на мојата ќерка, и на нашата заедница ни е многу важно овие приказни да бидат познати.
Сите овие изјави се осудени во Египет. Захи Хавас, истакнат египтолог и поранешен министер за антиквитети, тврди дека тоа е измислица.
Нетфликс се обидува да предизвика конфузија со ширење лаги дека потеклото на египетската цивилизација е црнечко, изјави тој.
Махмуд ал Семари побара од државниот обвинител да преземе „неопходни правни мерки“ и да го блокира пристапот до услугите на Нетфликс во Египет.
Нетфликс е обвинет за промовирање афроцентризам и бришење на египетскиот идентитет.
Адел Џејмс на Твитер кусо им одговори: „Ако не ви се допаѓа поделбата на улогите, не гледајте“.