Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои утре и задутре (29 и 30.11.2023) имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје, дека пунктовите за издавање на лични документи ќе работат со полно работно време, што значи дека закажаните термини ќе бидат реализирани.
Имено, согласно одлуката на Владата, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје утре, на 29 ноември (среда), треба да заврши во 12 часот, а 30 ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ, тоа нема да важи за службите за граѓански работи на МВР, кои и двата дена ќе работат редовно, со полно работно време.