Вчера попладне до полицијата пристигната пријава за смртен случај на скопските клиники.
На 01.02.2024 во 14.30 часот, во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, е пријавено дека околу 12.40 часот починал О.Ј.(19) од Република Турција, со престој во Скопје, кој околу 10.15 часот бил примен кај нив во тешка здравствена состојба. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, соопшти полицијата во дневниот билтен.