Во Купрес, Босна и Херцеговина, уапсен е М.К.(53), под сомнение дека ја силувал својата седумдесет и седумгодишна мајка. Во полиција било пријавено дека синот ја силувал мајката, а според неофицијални информации, сето тоа се случило во вторникот, на 25 април.
Според првичните информации, тој бил под дејство на алкохол.
Полицијата на кантонот Ливања соопшти дека еhttps://www.nezavisne.com/ против М.К. е поднесена пријава до надлежното Кантонско обвинителство поради сомнение дека сторил кривично дело „силување“. Тие рекоа дека освен тоа, тој се товари и за недозволено поседување оружје или експлозивни материјали.
„На 25 април во полицијата во Купрес е пријавено дека М.К.(53) со употреба на физичка сила се обидел да силува лице родено 1946 година во неговата куќа. Пронајдена е и одредена количина оружје“ – наведуваат од полицијата.
Полицијата кај пријавениот запленила 14 рачни бомби, две автоматски пушки, една полуавтоматска пушка и еден пиштол. Одземени му се и 1.071 парче муниција.
фото: Архива