Нема да има асимилација на македонскиот народ, СДСМ и граѓаните нема да го дозволат тоа, велат од СДСМ

Наместо да шират невистини, неосновано да ја плашат јавноста и со тоа да ги поткопуваат државните позиции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да застанат зад државните интереси. Мицкоски исто вака ја лажеше јавноста дека државата ќе ни се распрачела, а пред Бојко Борисов велеше дека „го поткрепа„ Договорот, се вели во соопштението од СДСМ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Истиот тој Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека ќе се населеле еден милион мигранти, дека со Законот за јазиците секој ќе мора да учи друг јазик и што ли уште не.

За жал ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ.

Нема да има никава асимилација на македонскиот народ, граѓаните и СДСМ тоа нема да го дозволат.