Поради пожарот во ноќен клуб во истанбулскиот кварт Бешикташ, денеска се приведени шестмина осомничени, додека полицијата продолжува со истрагата, јавија турските медиуми.
Полицијата го приведе управителот на објектот И.С.(65) и неговите деловни партнери М.М.Ц.(45) и С.С.(50), сметководителот С.А.(39), управителот А.А.П(26) и надзорникот на метални работи К.Е.(47), а по апсењето било констатирано дека некои од приведените имале претходни криминални досиеја, јавува „Anadolu Agency“.
Канцеларијата на гувернерот во Истанбул потврди дека 29 лица ги загубија животите во пожар во ноќен клуб сместен под 16-катница, но се уште не е јасно што го предизвикало пожарот.
Се вели дека пожарот избувнал за време на реновирањето во ноќниот клуб.