Поранешниот премиер Никола Груевски, неговиот заменик Владимир Пешевски, екс министерот Миле Јанакиески како и поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски куртулија од затвор откако денеска Јавното обвинителство предложи судската постапка против нив да биде запрена. Причина за ова е застарувањата на кривичните дела за кои се судат, а по последните измени на Кривичниот законик. Случајот се однесуваше за постапката за избор на кинеската компанија Синохидро за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.
Имајќи го предвид предлогот на Јавното обвинителство (ЈО) и измените на Кривичниот законик (КЗ), судот донесе решение да се запре кривичната постапка против обвинетите Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски за злоупотреба на службена положба и овластување, како и обвинителниот предлог против Никола Груевски за кривично дело примање награда за противзаконито влијание“, кажа денеска на судското рочиште, претседателот на судечкиот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, судијата Илија Трпков.
Обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште побара обвинението против обвинетиот Никола Груевски да биде повлечено поради настапување на апсолутна застареност, а постапката за другите тројца обвинети да запре поради измените во КЗ.
Случајот се однесуваше за постапката за избор на кинеската компанија Синохидро за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид позната како „Траекторија“.
Според обвинението, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.
Случајот го водше судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението беше обвинителката Лиле Стефанова.
Mkd.mk