(ФОТО) Хрват спаси дете кое два дена пловело со гумен чамец

Хрватскиот капетан Владимир Шепаровиќ на својот брод качил момче кое цели два дена било на отворено море во гумен чамец со весла. Засега не е познато што точно се случило, освен дека многу бродови поминале но никој не застанал да го спаси момчето, пишува Н1.

Хрватскиот тим на Шепаровиќ го забележал момчето на околу 60 наутички милји од најблискиот брег, што е повеќе од 110 километри.

„Горд сум на нас и на нашиот екипаж“, напишал капетанот на Фејсбук и објавил слика.

Момчето веднаш се јавило дома кај мајка си да каже дека е добро.

Случајот потсетува на потрагата по Македонци во Грција, од кои едниот издржа цели 20 часа во морето потпирајќи се на гумена топка.

Инаку ваквите спасувања се вообичаени долж брегот на Тунис, каде главно бодуваат спасувени мигратни или дезертери кои се обидуваат да стигнат до бреговите на некои од земјите на работ на Европа. Пред само неколку дена медиумите објавија дека туниската крајбрежна стража пресретнала 250 мигранти кои во опасни услови се обидувале да стигнат до Италија, а во јули пријавиле 455 мигранти кои исто така сакале да стигнат до италијанскиот брег.

 

h1.hr