Авион полетал во 2023 година, а слетал во 2022 година

Временските зони секако може да ги збунат и веројатно ги збунат патниците на летот што патува од Сеул, Јужна Кореја до Сан Франциско, САД на Нова година, што значи дека се движел од 2023 до 2022 година.

Авионот полетал од Сеул 35 минути по полноќ, а во Сан Франциско треба слетал во 17 часот и 14 минути. Временската разлика помеѓу овие два града е дури 17 часа, иако самиот лет трае околу 9 часа.

Следбениците на Flightradar24 кои го објавија ова на Фејсбук се воодушевени, а некои раскажуваат во какви ситуации се нашле, пренесува Вечерњи.хр.

„Еднаш патував од Сиднеј до Хонолулу со лет од 10 часа. Авионот полетал во 18 часот во сабота и пристигнал во Хонолулу во 7 часот наутро, исто така во сабота! Уживав во две саботи, но дури и џет-лагот беше збунувачки“, вели еден корисник.

 

 

tocka.com.mk