Аврамовска-Мадиќ: Министерството за правда ќе направи напори тоа да не биде во крајниот рок од 40 дена, туку што може во најскоро време

Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски првоосмничениот за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Министерот го потпиша барањето и документите се доставени до Интерпол и надлежните органи во Турција, информираше денеска заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ.

Таа рече дека имаат одлична соработка со турските органи и дека очекува во многу брзо време повратен одговор кога ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски.

„Министерството за правда ќе направи напори тоа да не биде во крајниот рок од 40 дена, туку што може во најскоро време“ рече Мадиќ.

На новинарско прашање дали до нив има пристигнато информации за користење на жалби од страна на Палевски, со што би се одолжила екстрадицијата, Мадиќ одговори дека правото на одбрана на жалба го има секој осомничен и обвинет, но од страна на министерството за правда и македонските органи на прогон ќе се направи се, за Палевски да биде донесен во Македонија.

 

fokus.mk