Аврамовска – Мадиќ: Палевски ќе биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните документи

Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ во врска со екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вели се очекува тој да биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните процедури.

Министерот за правда беше во посета на неговиот колега во Турција и како што беше информирана јавноста од Министерството за правда, судската постапка е завршена се чекаат административните документи да се завршат и очекуваме дека Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран, рече Аврамовска – Мадиќ одговарајќи на новинарскo прашање.

Министерот за правда Кренар Лога и неговиот турски колега Јилмаз Тунч минатиот месец остварија средба на која разговараа за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, при што Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.

Кога ќе биде донесен во земјава, Палевски ќе биде спроведен во казнено поправна установа, согласно решение на суд и понатаму тече постапката пред правосудните органи.