Најмалку четири лица се хоспитализирани, од кои еден маж е во критична состојба, по експлозија на батерија на електричен скутер во куќа во градот Бризбејн, Австралија, што предизвика пожар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ова е трет инцидент на пожар предизвикан од експлозија на батерија на електричен скутер во државата за помалку од една недела, објави „Еј-би-си њуз“.
Четири членови на семејството, од кои две деца, се спасени од локалното население и однесени во болница со значително вдишување чад.
Маж на 40-годишна возраст сè уште е во критична состојба во болница, додека една жена и нејзините две деца се отпуштени од болница.
Ова е втор инцидент во Бризбејн и трет во државата во последната недела.
Пет лица беа хоспитализирани во четвртокот, меѓу кои и маж кој се здоби со тешки изгореници од експлозија на батерија на електричен скутер во куќа во Дара, Бризбејн.
Една од водечките причини за ваквите инциденти, според Марк Халверсон, извршен менаџер за заштита од пожари во службата за пожари и итни случаи во Квинсленд, е користењето погрешен полнач.
„Во Квинсленд видовме значителен пораст на пожари кои се припишуваат на уредите напојувани од литиум-јонски батерии во последните месеци“, рече Халверсон.
извор:Агенција Анадолија (АА).