Автобус падна од мост во провалија во Пакистан, над 40 загинати

Најмалку 41 лице загинаа откако автобус падна во провалија во Балучистан, Пакистан, објавија локалните медиуми, пренесува „Скај њуз“.

Инцидентот се случил во Лазбела, планински регион во Балучистан.

Според локален претставник, автобусот паднал од мостот и се запалил.

„Телата се непрепознатливи“, изјави Хамза Анџум, висок функционер на областа Лазбела, кој дошол на местото на несреќата.

Анџум рече дека тројца преживеани биле спасени и дека автобусот наводно превезувал 48 патници кога удрил во столб на мостот и паднал од него.

Според проценките на Светската здравствена организација, повеќе од 27.000 луѓе загинале на патиштата во Пакистан во 2018 година.

utrinkivesnik.mk