АМСМ: Намалена видливост поради густа магла низ Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 м. има на патните правци Штип – Неготино, Неготино – Демир Капија – Удово, Велес – Скопје, Скопје – Велес, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – обиколница Скопје, до 100 м. на патните правци Куманово – Страцин, Делчево – Македонска Каменица и Велес – Штип, и од 20 – 50 м. на патниот правец Скопје – Тетово.