Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме, емотивна објава од момчето на Фросина

Македонија тагува по младата Фросина Кулакова која загина откако беше прегазена на „Партизанска“.

Нејзиното момче Петар Ристов со потресна објава се огласи на социјалните мрежи.

Тој порача дека ќе се бори до последен здив за правдата да биде задоволена.

-Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг. Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај се додека не си ја постигнеше зацртаната цел. Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и не зацрни да си ја добие заслужената казна. Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин. Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој, напиша тој во објава на својот Инстаграм профил.