Андовски: 89 пациенти се згрижени во Македонија, 76 во странство – состојбата е релативно стабилна

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски денес одржа прес-конференција пред Ургентниот центар во Скопје. Тој информираше за состојбата на хоспитализираните пациенти по големата трагедија која се случи во Кочани.

Пациентите и во Македонија и во странство се во стабилна состојба, но Андовски вели дека уште е рано да се каже како таа состојба ќе се одвива понатаму.

Во клиниката за пластика во моментов се хоспитализирани 17 пациенти, на Токсикологија 13, на Торакална 4, на Траума 2, на Детска хирургија 4, во КАРИЛ има 14 пациенти, во Стара Градска има 12, во „8-ми септември“ 18, во Штип се останати 3, на Пуломологија 2. Вкупната состојба е 89 пациенти згрижени во Македонија.

-До утрово имаме вкупно 76 пациенти кои се пренесени на лекување во странство. Последни се транспортирани ноќеска во Хрватска 2, во Атина 3, во Виена 2 и во Словенија двајца пациенти. Планираме препраќање на уште неколку пациенти и сме во преговори со Виена, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија, рече тој.

Заменик министерот информира дека утрово имал состанок и со докторите кои од Белгија пристигнаа во Македонија за да помогнат со лекување на најтешките пациенти.

-Од Израел има пристигнато 7, а денес ќе стигнат уште 10 доктори кои ќе бидат прераспределени. Имаме и доктори од Чешка и од ВМА, рече тој.