Нова акција утринава се спроведува во Скопје, дознава Курир. Според првичните информации, се апсат сегашни и поранешни вработени во затворите кои работеле незаконски и формирале организирана криминална мрежа.
Неофицијално, меѓу осомничените е и поранешниот директор на затворот Скопје во Шутка, Филип Андонов Сокол и неговиот заповедник.
Лицата опфатени со оваа акција се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување, овозможување бегство на лице лишено од слобода, противзаконско ослободување на лице лишено од слобода и соизвршителство.
Андов Сокол пред да биде именуван за директор на затворот во Шутика во 2020 година му беше советник на тогашниот премиер Зоран Заев за креирање политики кои се од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје.
Повеќе информации од страна на МВР се очекуваат во текот на денов.
skopjeinfo.mk