Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Глобалниот прогностички модел (GFS) црта ново спуштање на многу ладен воздух од север и од североисток од 29 Ноември, овој бран повторно ќе донесе провејување на снег, но дали точно тоа ќе биде во вид на провејување или ќе имаме побилни врнежи останува да видиме што ќе каже неговото следно ажурирање, исто така до вечерва ќе видиме дали и Европскиот прогностички модел (ECMWF) ќе се усогласи со овој ладен бран кој го црта овој модел!

 

Наскоро следува официјална метео анализа токму околу оваа ситуација, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

meteoalarm.mk