Белорускиот претседател изјави дека неговата земја поседува десетици нуклеарни боеви глави

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговата земја поседува десетици нуклеарни боеви глави, објавија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.

„Имаме нуклеарни боеви глави распоредени овде. Повеќе од десетина од нив. Многу луѓе го отфрлаат како шега, велејќи дека ‘никој ништо не донел’. Донесовме“, рече Лукашенко за време на прашањата и одговорите со вработените во едно претпријатие во градот Борисов, според државната новинска агенција „Белта“.

„Фактот што тие (противниците на Белорусија, заб. ав.) велат дека тоа е шега значи дека го пропуштиле. Не ни забележале како ги донесовме овде“, додаде Лукашенко.

Дефинирајќи ја употребата на нуклеарно оружје како „голема одговорност“, Лукашенко изјави дека никој не го притиснал „копчето за нуклеарно оружје“ откако САД фрлија атомски бомби во август 1945 година врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки.

Лукашенко понатаму рече дека ги предупредил сите сојузници и ривали на Белорусија дека одговорот на Минск ќе биде „моментален“ доколку ja стапнат границата на земјата, и продолжи со зборовите: „Нема да гледам дали се работи за нуклеарно оружје или нешто друго“.

„За ова се договоривме со Русите пред да ни го вратат нуклеарното оружје. Не оружјето што им го дадовме. Тоа беа стратешки оружја. Ова е тактичко нуклеарно оружје“, изјави белорускиот претседател.

 

извор:Анадолија